Економија

Ристески: Да се пријави секое непочитување на Законот за нефер трговски практики

12.09.2025 17:36

Заменик-министерот за економија, Ристески апелира да се пријави секое непочитување на Законот за нефер трговски практики кој треба да е стожер во нормализирањето на цените на подолг рок...

Интервенирањето со стокови резерви и нивното надополнување со домашно производство е начин на поддржување на стандардот на граѓаните, вели заменик-министерот за економија Ристески. Зголемувањето на домашното производство може да ги стабилизира цените на долг рок. Апелира да се пријави секое непочитување на Законот за нефер трговски практики кој треба да е стожер во нормализирањето на цените на подолг рок.

Според бизнисот, Законот за нефер трговски практики се почитува. Инфлацијата која во август според пресметките на Статистика изнесувала 4,4 насто ја одразува реалната состојба и очекуваат соодветна реакција од надлежните институции.

Со стоковите резерви би можеле да се санираат одредени скокови на цените, според претседателот на Стопанската комора, Азески.

Во завршна фаза е софтверот за поголема транспарентност на цените-велат од Економија.

Александра Велинова