Коалицијата „Твоја Македонија“ ќе настапи заеднички на изборите, СДСМ досега објави 64 кандидати за градоначалници
Формализирана коалицијата „Твоја Македонија“, предводена од владејачката партија. СДСМ во Кочани ќе оди со свој кандидат за градоначалник. Во Илинден, со поранешниот од ВМРО-ДПМНЕ.

Формализирана коалицијата „Твоја Македонија“, предводена од ВМРО-ДПМНЕ составена од 25 партии, што заеднички ќе настапи на претстојните локални избори.
Премиерот Мицкоски вели, како коалиција имаат со што да излезат пред граѓаните, со она што е направено во изминатите четири години во општините и она што е направено во изминатите 15 години откако се централна власт. Ќе се обидеме да направиме разлика меѓу оние седум години, кога ДУИ и СДСМ беа во владата, и овие четири години, кога оваа коалиција управуваше со најголемиот дел од општините и оваа коалиција која управува сега со владата во Македонија“, вели претседателот на владејачката партија. Лидерите од коалицијата „Твоја Македонија“ усвоија и „Декларација за Македонија на граѓаните и општини што создаваат иднина“.
Мицкоски очекува кампања во која ќе изобилуваат шпекулации, конструкции, подметнувања, невистини од страна на опозицијата и нејзините малкумина поддржувачи.
СДСМ во Кочани ќе трча со свој кандидат за градоначалник, различен од натпартскиот за којшто застана ВМРО-ДПМНЕ. На седницата на извршниот одбор на партијата се потврдени уште четири кандидатури. За кандидат за градоначалник на Кочани е предложен Игор Христов, за Илинден Жика Стојановски, за Шуто Оризари е Едис Хасан и за Долнени, Исуф Синани. Сдсм досега објави 64 кандидати за градоначалници.
„Сите се луѓе со интегритет, докажани кадри со желба за работа и јасна визија за развој на своите општини“, велат социјалдемократите.
