Мини-ребалансот на Буџетот влезе во собраниска процедура

25.08.2014 12:20

Одморите завршија, мини ребалансот на Буџетот влезе во собраниска процедура и веќе се рагледува на матичната комисија. Државната каса е предвидено да се корегира за околу 2 процента. Се предвидуваат помали приходи, но и помали расходи за стоки и услуги, а на сметка за изградба на автопатот кон Гевгелија. Дефицитот се зголемува од 3,5 на 3,9% од БДП, но се зголемува и проекцијата за растот на економијата, кој би се движел меѓу 3,5 и 3,7 проценти.

Предвидени се повеќе пари за инфраструктура, но и за социјални трансфери, зголемување на платите во јавната администација, навремнена исплата на пензии, на социјалната и постојаната парична помош, на субвенциите за земјоделците. Пред да побараат пауза, од ДПА обвинија дека со ребалансот не се даваат пари за проекти кои се од важност за Албанците.

„Во рамки на расходната страна главното зголемување од околу една милијарда се однесува на проектите што се во делот на инфрструктурата, изградбата на Коридорот 10 и во тие рамки очекуваме интензивирање на градбата во преостанатиот период на 2014 година, како и во следната година. Со овие измени се зарботи за мини-ребаланс којшто ќе овозможи до крајот на годината навремено и непречено реализирање на сите тековни расходи од буџетот, навремена исплата на сите обврски кон буџетските корисници, навремена исплата на плати, пензии и социјални надоместоци, субвенции кон земјоделците и истовремено трансфери кон општините, како и реализација на предвидените капитални расходи. Во делот на обезбедувањето на заштедите, би сакал да истакнам дека беше направено рамномерно преку соодветно намалување кај сите буџетски корисници“, рече министерот за Финансии, Зоран Ставрески.

„Дискриминација, експлоатација и осиромашување на албанските граѓани, кои од друга страна се тие кои ја полнат државната каса и многу малку добиваат од истата, тоа е вистината за ребалансот на буџетот“, рече Беким Фазлиу, пратеник од ДПА.