Локални избори 2025

Последен ден за поднесување кандидатури за градоначалници и членови на совет

13.09.2025 09:00

За Град Скопје досега има осум номинации, шестмина од политичките партии и двајца независни...

Вечер на полноќ истекува рокот за поднесување кандидатури за градоначалници и советнички листи од политичките партии. За Град Скопје досега има осум номинации, шестмина од политичките партии и двајца независни.

Во Чаир се очекува главната политичка битка да биде меѓу Бујар Османи од ДУИ и Изет Меџити од Вреди.

За Кочани власта и опозиција со свои кандидати, но и двајца независни.

До Државната изборна комисија беа доставени и 69 независни кандидатури за градоначалници за 38 општини и Градот Скопје и 68 советнички листи во 33 општини и за Скопје.