Младите избегаа од нивите, производството стагнира
Немањето млада работна рака е една од причините што стагнира производството на зеленчук во струмичко. По нивите сè помалку млади земјоделци. На последниот повик само четворица млади добија поддршка од државата…

На струмичките ниви лотарија е да се види млад земјоделец-вака коментира Драги Памуков од Куклиш. Според него, тоа е и клучниот проблем што се намалува производството на зеленчук во струмичкиот регион.
Несигурниот пласман и немање работна рака е причината што нивите во струмичко ќе бидат обраснати со трева, вели земјоделецот Ристо Велков од Василево.
Поголема поддршка на младите е клучен сегмент за подобрување на старосната слика во македонскиот аграр, сметаат од Националната федерација на фармери.
На последниот повик за млади земјоделци, поддршка од државата за отворање свое земјоделско стопанство добија само четворица млади од целиот струмичкиот регион, а конкурирале 13.
Во отсуство на домашно производство, сè почесто на зелените пазарите во државата има зеленчук и од странство.
Ване Трајков
