Инфлацијата е забавена, потребни се долгорочни мерки
Инфлацијата е забавена, но сè уште е висока. Владата очекува да биде до три проценти, но без мерки. Експертите и бизнис секторот упатуваат на неопходност од будно следење и подолгорочни мерки. Граѓаните ги бараат мерките…

Инфлацијата е со забавено темпо, но сè уште е висока и не смее да се остави сама од себе да се намали. Македонската зависи од глобалната економија и секое превирање скапо нè чини. Потребна е будност и паралелно да се работи на подолгорочни мерки, сметаат и експертите и бизнис секторот.
Поттикнување на домашното производство и домашната конкурентност и забрзана битка со сивата економија. Административните мерки не даваат резултати, сметаат од прилепската регионална стопанска комора.
Граѓаните велат дека не може да се носат со скапотијата и бараат мерки.
Владата очекува инфлацијата да се намали до три проценти, но не најавува интервенции.
Елизабета Митреска
