Странски инвестиции

До крајот на годината германската „Брејнчајлд“ го отвора новиот погон во Жабени

13.09.2025 14:15

Во Индустриската зона „Жабени“ германската „Брејнчајлд“ го отвора новиот погон за софистицирана спортска опрема за водни ветропловни спортови. Тука ќе се произведува и новиот производ „кајт“ или спортското крило за скијање на вода и е револуционерен производ во оваа специфична индустрија …

Она што се најавуваше веќе се реализира. До крајот на годината во индустриската зона Жабени германската компанија „Брејнчајлд“ го отвора новиот погон. Произведената спортска опрема за водни и ветропловни спортови оттука ќе патува до светските пазари на германскиот инвеститор кој во Македонија работи над три години. Бети Дрогришка беше првовработена. Вели работата е динамична и интересна.

Во оваа прва фаза ќе бидат вработени близу 200 нови работници, со втората инвестициска фаза уште толку.

Од менаџментот велат дека се задоволни од интересот, но и дека работаат на сопствени подготовки кога е во прашање новиот кадар. Производната палета е широка, но сепак фокусот е ставен на „кајтот“, спортското платно за скијање на вода.

Раководството вели дека сегашниот погон сместен во една од халите на некогашниот гигант „Битолатекс“ нема да се затвори и тука ќе работи одделот за планирање и развој.

Стевче Митревски