Најмалку 10 загинати и над сто повредени во стампедо во Индија
Најмалку десет лица, од кои пет мажи и пет жени загинаа изутрината во стампедо во хинду храмот Камнтанат Пахад во индиската држава Мадја Прадеш. Властите соопштија дека има над сто повредени, дел од нив се со сериозни повреди. Очевидците велат дека сликата била стравотна. Луѓе облеани во крв се уште лежат во близина на храмот. Најкритичните веднаш се хоспитализирани. Полицијата и медицинските екипи се на терен, изјави претставник на полицијата.

„Стампедото се случи одеднаш, додека луѓето се молеа. Има и загинати и повредени. Семејствата на загинатите верници ќе добијат отштета од државата. Ќе биде спроведена истрага на највисоко ниво“, рече Бабул Лал Гаур министер за внатрешни работи на Мадја Прадеш.
Несреќата се случила во моментот кога неколку илјади хинду верниците биле на молитва во храмот во чест на богот Шива. Електрична искра предизвикала паника кај верниците, при што дошло до стампедо. Јажињата кои биле поставени од безбедносни причини не го издржале налетот на илјадниците луѓе. Во Индија смртоносните стампеда за време на верски собири се честа појава поради големиот број луѓе што се собираат, но и поради слабите безбедносни мерки. Во октомври минатата година загинаа 89 лица, а над 100 беа повредени за време на одбележување на верски празник.
Марија Петковска