Македонија

Густ чад над Скопје, гори фабрика за преработка на отпад во Трубарево

13.09.2025 15:30

Скопје обвиено во црн чад. Стравотен оган проголта фабрика за преработка на електричен и електронски отпад во Трубарево. Противпожарните екипи со натчовечки напори се справуваат со стихијата …

Фабрика за преработка на отпад во село Трубарево, општина Гази Баба, е зафатена од голем пожар. Од Дирекцијата за заштита и спасување информираат дека станува збор за сериозен и тежок пожар за гаснење поради материјалите што горат, а се слушаат и детонации. Инаку, компанијата бесплатно презема електричен и електронски отпад од домаќинствата и го рециклира.

Од Центарот за управување со кризи, пак, информираа дека бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје е на самото место и интервенира во гаснењето. Пожарот го гаси и ер- трактор. 

Трубарево се наоѓа десетина километри источно од центарот на Скопје. Густиот чад од пожарот е видлив од повеќе делови на градот.

Повеќе информации во Дневникот во 17 часот на МРТ1.