Здравје

Никој не е имун на аерозагадувањето

13.09.2025 16:26

Лекарите алармираат – децата и родилките се на удар на загадениот воздух. Граѓаните се соочуваат со иритација на респираторниот систем, но и со поголем ризик за инфекции со вируси и бактерии…

И зима и лето – загадувањето го загрозува здравјето на луѓето. Освен респираторниот систем, ги напаѓа сите органи, алармираат лекарите. Најчестите симптоми на кои се жалат граѓаните се интензивна кашлица, малаксаност, болки во градите. Лекарите советуваат, семејствата викендите да ги поминат на планина, на места со чист воздух.

Аерозагадувањето во комбинација со бактериите и вирусите дополнително ја комплицира состојбата. Лекарите апелираат и до трудниците и до хронично-болните да не излегуваат без потреба.

Никој не е имун на аерозагадувањето кое предизвикува стотици предвремени смртни случаи секоја година.

Граѓаните бараат од надлежните да преземат конкретни чекори за справување со аерозагадувањето.

Борис Грујоски