Македонија
Пожар во фабрика го обви Скопје во црн чад
13.09.2025 17:14
Првиот човек на Дирекцијата за заштита и спасување вели – ова е хибриден напад. Противпожарните екипи со часови се борат со огната стихија. Се гасне и со авион и со хеликоптери...

Стравотен пожар во фабрика за електронски отпад во Трубарево. Противпожарните екипи со часови се борат со огната стихија. Се гасне и со авион и со хеликоптери. Буквално од сите делови на метрополата се гледа големиот црн чад.
Првиот човек на Дирекцијата за заштита и спасување вели – ова е хибриден напад. На што Ангелов ги темели ваквите тврдења, известува Ана Јосифоска.
