Министерство за здравство: Ја следиме состојбата со пожарот во Трубарево, во координација сме со сите надлежни институции
Министерството за здравство попладнево информираше дека ја следи состојбата со пожарот во скопско Трубарево и оти неговите служби се подготвени за постапување...

Министерството за здравство попладнево информираше дека ја следи состојбата со пожарот во скопско Трубарево и оти неговите служби се подготвени за постапување согласно со нивните надлежности.
Ја информираме јавноста дека Министерството за здравство ја следи состојбата со пожарот во скопско Трубарево. Во постојана координација е со сите надлежни институции. Службите на Министерството се подготвени за навремено постапување во рамки на своите надлежности, во зависност од натамошниот тек на настаните, соопшти Министерството.
Пожарот кој избувнал по 13 часот го гасат шест противпожарни возила со над десет пожарникари, специјализирани возила и авион ер-трактор на ДЗС и два хеликоптера.
