Македонски државјани повредени во сообраќајна несреќа на автопатот Белград- Ниш
Една жена е потешко повредена, а двајца минале со полесни повреди по сообраќајната несреќа што се случила утрово во осум часот на автопатот Белград- Ниш, објави РТ Србија.
Возачот на автомобилот „ситроен“ со македонски таблички во еден момент изгубил контрола и удрил во банкина. Телевизијата извести дека според првичните информации, најверојатно возачот заспал и изгубил контрола. Повредената патничка е пренесена во болница.