Свет
Нов инцидент, затегнати односите на релација Вашингтон-Каракас
14.09.2025 09:52
18 војници од американски воен брод се качиле на венецуелски брод со девет рибари што ловеле туна. Венецуелските власти предупредија дека ќе го бранат својот суверенитет од каква било „провокација“.

Односите Вашингтон-Каракас и натаму затегнати. Нов инцидент во венецуелските води.
18 војници од американски воен брод се качиле на венецуелски брод со девет рибари што ловеле туна. Венецуелските власти предупредија дека ќе го бранат својот суверенитет од каква било „провокација“.
Тензиите меѓу двете држави ескалираа откако американскиот претседател Трамп во август нареди распоредување воени бродови во Карибите, покрај брегот на јужноамериканската земја поради борбата против латиноамериканските нарко-картели.
