Македонија

Депониите станаа мета на потпалувачите

14.09.2025 13:25

Палењето на депониите во прилепско сè уште останува мистерија. Кој и зошто ги разгорува и за каква цел. Заштитата на градските депонии тешко оди. Решението се бара во регионални депонии со поголема контрола и заштита…

Летово повеќепати се гаснеше депонијата во Долнени, а во февруари и лани прилепската градска депонија. И сè уште нема ниту пријава, уште помалку фатен сторител, а најмалку е откриена причината зошто се подгрева огнот.

Локалните власти во Долнени тешко се справуваат со заштитата на депонијата, прилепските имаат зајакнати контроли, уверуваат од комуналното претпријатие. Решението го гледаат во регионална депонија.

Граѓаните се револтирани, бараат поголема контрола и повисока свест.

Депониите остануваат мета на потпалувачите. Се гаснат само нивните последици.

Елизабета Митреска