Македонија
Диви свињи го уништуваат родот во дојранско, земјоделците на мака
14.09.2025 11:47
Диви свињи ги уништуваат лозовите плантажи во дојранско Фурка. Пред стартот на бербата родот речиси преполовен. Жителите од ова место бараат помош од надлежните бидејќи со години се соочуваат со овој проблем…

Жителите на Фурка, дојранско мака мачат со дивите свињи кои им ги уништуваат лозовите насади. Во пресрет на годинашнава берба, тие секојдневно дежураат по насадите. Тврдат дека ова е проблем со кој се соочуваат со години.
Дел од жителите на Фурка се изложиле на дополнителни инвестиции. Вградиле заштитни мрежи околу лозовите насади, но велат дека било џабе.
Во Фурка повеќе од 200 декари има засадено со лозови насади. Жителите бараат институциите да преземат соодветни чекори и да ги заштитат од наездата на диви свињи.
Ване Трајков
