Македонија

Со издвојување на органскиот отпад и селекција на отпадот за рециклирање ќе запрат пожарите на депониите

14.09.2025 14:01

Издвојување на органскиот отпад кој е причина за пожарите на депониите и селекцијата на отпадот за рециклирање, пред сè на пластиката. Ова е долгорочното решение кое го предлага научната фела. Нивната порака е – наместо да се справуваме со последиците од несоодветното депонирање на отпадот, да се фокусираме на изградба на современи депонии…

Скопје деновиве се гуши од чадот од депониите, но истиот проблем го имаме скоро секаде во државата и ќе го имаме сè додека отпадот го депонираме на несанитарни депонии и без претходна селекција, вели ректорот на УГД и раководител на лабораторијата за мерење на аерозагадување „Амбикон“, д-р Дејан Мираковски. Според него, решението е во современ третман на отпадот и негова селекција

Добра вест е дека штетните гасови се шират и нивното дејство опаѓа, но директното и долготрајно изложување секако влијае врз здравјето.

Депонијата „Дрисла“ е единствената регулирана санитарна депонија во државата и треба да има систем за дренажа на метанот кој е причина за пожарите и доколку системот функционира оган и чадење на Дрисла не би требало да има. Ниту една од останатите депонии немаат систем за исфрлање на метанот од телото на депонијата.

Славица Величковска