Лавров: Русија ќе испрати уште еден хуманитарен конвој во источна Украина

25.08.2014 13:41

Рускиот министер за надворешни работи Лавров рече дека Русија планира да испрати уште еден хуманитарен конвој во источна Украина во наредните неколку дена. Лавров додаде и дека хуманитарната состојба таму се влошува. Украина не го овласти првиот конвој, којшто веќе се врати во Русија, стравувајќи дека носи воена опрема за проруските сепаратисти.

„Направивме добро нешто. Доставивме храна и лекови. Мислам дека тоа помогна многу“, рече Сергеј Самојенко, возач.

Повеќе од 2 000 луѓе загинаа во последните неколку месеци во борбите меѓу владините сили и сепаратистите. Рускиот и Украинскиот претседател утре треба да одржат средба во Минск на разговори за кризата.