Ирак бара поддршка во борбата против Исламската држава
Ирак бара глобална помош и поддршка во борбата против самопрогласената Исламската држава, но не во вид на војници на терен. Ирачките сили се обидуваат да повратат поголем дел од територијата на земјата, вклучувајќи го и вториот по големина град Мосул, кој е под контрола на борците од Исламска држава.
Иранскиот шеф на дипломатијата Зариф кој е во дводневна посета на Ирак, изјави дека неговата земја соработува со ирачките власти за сузбивање на, како што рече, оваа сериозна и многу свирепа групација.