ИЈЗ: Нема отстапувања од нормалните референтни вредности што би укажале на радијација во воздухот
ИЈЗ известува дека во моментот нема одстапувања од нормалните референтни вредности што би укажале на зрачење, односно радијација во воздухот.
Нема никакви вредности кои би укажале на зголемена радиоактивност или на ризик за здравјето на граѓаните, се наведува во соопштението од Институтот за јавно здравје.
Во периодот од 7 до 14 септември 2025 година нашиот автоматски систем за мерење на радијација во воздухот работеше непрекинато и редовно ги следеше податоците од сите 14 мерни места низ Македонија. Меѓу нив е и станицата во Скопје (MKMP-1), велат од ИЈЗ.
Мерните податоци покажуваат дека се во рамки на природниот радијациски фон, односно нормалното природно зрачење кое секогаш е присутно во нашата околина. Нема никакви вредности кои би укажале на зголемена радиоактивност или на ризик за здравјето на граѓаните.
ИЈЗ известува дека во моментот нема одстапувања од нормалните референтни вредности што би укажале на зрачење, односно радијација во воздухот.
ИЈЗ испрати вонредни обучени екипи по насока на инспекторатот за животна средина, Министерство за Здравство и кризниот штаб, кои ќе земат примероци од почва и вода од непосредна близина на засегнатото подрачје за физичко хемиска анализа, а воедно ќе земат примероци (мостри) од чешми, бунари и почва за испитување на евентуално јонизирачко зрачење исто така во непсредна близина на засегнатите подрачја.
По анализата и обработката на истите ИЈЗ ќе ги сподели резултатите со јавноста, стои во соопштението.
