МОН
Од денеска училиштата во Трубарево ќе следат онлајн настава
15.09.2025 08:52
Министерството за образование и наука соопштуваат дека децата во училишта во Трубарево, како и училиштата „Крум Тошев“, „Његош“, „Вера Јоциќ“ и „Наум Наумовски – Борче“ во Гази Баба, од денеска до крајот на неделава ...

Од Министерството за образование и наука соопштуваат дека децата во училишта во Трубарево, како и училиштата „Крум Тошев“, „Његош“, „Вера Јоциќ“ и „Наум Наумовски – Борче“ во Гази Баба, од денеска до крајот на неделава наместо со физичко присуство, наставата ќе ја следат онлајн.
Ваков заклучок беше донесен на итната седница на Владата, свикана поради пожарот во Трубарево.
