Лауреатот на струшките вечери на поезијата, Ко Ун почесен член на Друштвото на писатели

25.08.2014 14:05

Истакнатиот корејски поет Ко Ун, кој ја доби наградата „Златен венец“ на Струшките вечери на поезијата, ќе биде прогласен за почесен член на Друштвото на писатели на Македонија.

Одлуката за прогласување на Ко Ун за почесен член ќе ја соопшти претседателот на македонската писателска асоцијација Веле Смилевски.

Директорот на СВП Мите Стефоски и претседателот на Управниот одбор на струшкиот поетски фестивал Славе Ѓорѓо Димоски ќе зборуваат за творештвото на истакнатиот корејски поет.

На средбата што ќе се одржи утре во Домот на македонските писатели во Скопје, венцоносецот Ко Ун ќе им се обрати на љубителите на поетскиот збор кои ќе имаат можност непосредно да се запознаат со неговото творештво.