Скопје
Протест кај мостот „Близнаци“ против загадувањето
15.09.2025 08:43
Жители на Аеродром и денеска протестираат против загадувањето во нивната општина. Од 7 часот и 30 минути ја блокираат крстосницата во населбата кај мостот „Близнаци“...

Жители на Аеродром и денеска протестираат против загадувањето во нивната општина. Од 7 часот и 30 минути ја блокираат крстосницата во населбата кај мостот „Близнаци“.
Бараат решавање на проблемот со дивите депонии, санирање на депонијата „Вардариште“ и соодветен начин на депонирање на отпадот и осовременување на депонијата Дрисла.
