Собрание
Во Собранието денеска ќе биде одбележан Меѓународниот ден на демократијата
15.09.2025 09:19
Денеска ќе биде одбележан Меѓународниот ден на демократијата, со одржување на едукативен семинар на тема: „Демократијата и Собранието“ за ученици од средните училишта...

Во Собранието денеска ќе биде одбележан Меѓународниот ден на демократијата, со одржување на едукативен семинар на тема: „Демократијата и Собранието“ за ученици од средните училишта.
На отворањето на настанот ќе се обратат Антонијо Милошоски, потпретседател на Собранието, Марина Димовска, генерална секретарка на Собранието и Михал Харари, заменик-амбасадор на Швајцарската Конфедерација.
