Блиски Исток

Катар со осуда за акциите на Израел

15.09.2025 09:34

Сојузниците дискутираа за можен единствен одговор на израелскиот напад врз Доха, насочен кон раководството на Хамас...

Катарскиот премиер со осуда за Израел за време на состанокот на министрите за надворешни работи од арапските земји. Сојузниците дискутираа за можен единствен одговор на израелскиот напад врз Доха, насочен кон раководството на Хамас.

„Време е меѓународната заедница да престане да применува двојни стандарди и да го казни Израел за сите злосторства што ги изврши. Континуираната вмешаност на Израел во кршењето на меѓународното право, човековите права и дипломатијата се одразува во варварскиот напад што се случи во градот Доха во станбена област каде што се наоѓаат станови, училишта и дипломатски мисии“, изјави Шеик Мохамед Бин Абдулрахман Ал Тани, премиер на Катар.

Државниот секретар Рубио беше во посета на Израел во момент кога земјата ги интензивираше нападите врз северна Газа, срамнувајќи со земја повеќе висококатници. Посетата на Рубио се одржа и покрај негодувањето на претседателот Трамп кон Нетанјаху поради израелскиот напад во Доха, за кој рече дека САД не биле однапред известени.