ГЕРМАНИЈА

Партијата на Мерц победник на локалните избори

15.09.2025 12:15

Според првичните резултатите ЦДУ освои 34,6% и ја потврди својата водечка позиција во покраината...

Христијанско-демократската унија (ЦДУ) на германскиот канцелар Мерц победник на локалните избори во најнаселената германска покраина Северна Рајна – Вестфалија. Според првичните резултатите ЦДУ освои 34,6% и ја потврди својата водечка позиција во покраината. Социјалдемократската партија на Германија освои 21,9%, што е за што е нејзин најслаб резултат во покраина која порано се сметаше за нејзина тврдина.

Алтернатива за Германија освои 16% – тројно повеќе од последните локални избори. Претставници на ЦДУ И СПД, кои на сојузно ниво ја сочинуваат владината коалиција предводена од канцеларот Мерц, изразија загриженост поради растот на поддршката за Алтернатива која најмногу се потпира на поддршка од источна Германија.