Трамп: Омразата меѓу Зеленски и Путин ги отежнува преговорите
Омразата меѓу Зеленски и Путин ги отежнува преговорите и е неразбирлива, став на шефот на Белата куќа. Трамп повтори дека е подготвен да воведе санкции за Москва, но Европа мора да престане да купува нафта од Русија. Во исклучително тензични услови, по упадот на руски дронови во полскиот простор, Путин распоредени нуклеарни бомбардери „Искандер“ во рамки на четиридневните вежби „Запад-2025“ со Белорусија. Жителите во пограничните области живеат во страв.

Украинските војници напредуваат во пограничните области на северниот Сумски регион. Според Зеленски, руските сили претрпеле значителни загуби во регионите Донецк и Харков по должината на фронтовската линија. Нови украински напади регистрирани врз руска рафинерија за нафта во Ленинградската област. Зеленски вели дека на Русија и е нанесен сериозен удар на Балтикот.
„Најефикасните санкции – оние што дејствуваат најбрзо – се пожарите во руските рафинерии за нафта, нејзините терминали, магацините. Значително ја ограничивме руската нафтена индустрија, а тоа значително ја ограничува војната. Руската војна е во суштина функција на нафтата, гасот и сите други енергетски ресурси“, изјави Володимир Зеленски, претседател на Украина.
Омразата меѓу Зеленски и Путин ги отежнува преговорите и е неразбирлива, став на шефот на Белата Куќа. Трамп повтори дека е подготвен да воведе санкции врз Москва, но рече дека Европа мора да направи повеќе, вклучително и да престане да купува нафта од Русија.
„Европа, тие се мои пријатели, но тие купуваат нафта од Русија. Не сакам тие да купуваат нафта. А санкциите што ги воведуваат не се доволно строги. И јас сум подготвен да воведам санкции, но тие ќе мора да ги заострат своите санкции соодветно на она што го правам“, изјави Доналд Трамп, претседател на САД.
Расте загриженоста за акциите на Кремљ, особено по нарушувањето на воздушниот простор на Полска за време на нападите врз Украина. Во исклучително тензични услови, Путин распоредени нуклеарни бомбардери „Искандер“ на границата со Полска во рамки на четиридневните вежби „Запад-2025“ со Белорусија. Жителите во пограничните области живеат во страв.
„Јас сум од Украина, дојдов во Полска затоа што мислев дека ќе биде подобро, но овие сирени се малку чудни“, изјави жител.
„Опасно е, секако, но мора да останеме смирени и да и веруваме на владата. Има сирени, во ред, но треба да ги следиме и најавите и да не паничиме непотребно, бидејќи за жал паниката е лош советник овде“, додаде друг.
Полска ја затвори својата граница со Белорусија откако Советот за безбедност на ООН предупреди за зголемен ризик од нова светска војна. Генералниот секретар на НАТО Руте, изјави дека воените активности во рамките на операцијата Источна гарда ќе започнат во наредните денови и ќе вклучуваат средства од Велика Британија, како и од сојузници, вклучувајќи ги Франција и Германија.
Маријана Димовска
