МВР
Тошковски денеска ќе присуствува на јавно уништување на запленети наркотични дроги и оружје
15.09.2025 09:58
Министерот Панче Тошковски денеска во кругот на фабриката „Макстил“ ќе присуствува на јавно уништување на запленети наркотични дроги и оружје...

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска во кругот на фабриката „Макстил“ ќе присуствува на јавно уништување на запленети наркотични дроги и оружје.
Како што информираат од МВР, уништувањето ќе се изврши во организација на Министерството за внатрешни работи, Агенцијата за управување со одземен имот и Државната комисија за уништување на наркотични дроги и Националната комисија за мало и лесно оружје.
