Определен краткотраен притвор за четири лица осомничени за пожарот во Трубарево
Поради основано сомнение дека со заеднички дејствија учествувале во извршување на кривичното дело – загрозување на животната средина и природата со отпад, поведена е постапка против 56-годишен управител и сопственик на две правни лица, 22-годишна управителка на трето правно лице, 42-годишник во својство раководител на подружница и еден 59-годишник вработен во правно лице.

По барање на Обвинителството, Кривичниот суд во Скопје определи притвор од 48 часа за четири лица за пожарот во Трубарево.
Поради основано сомнение дека со заеднички дејствија учествувале во извршување на кривичното дело – загрозување на животната средина и природата со отпад, поведена е постапка против 56-годишен управител и сопственик на две правни лица, 22-годишна управителка на трето правно лице, 42-годишник во својство раководител на подружница и еден 59-годишник вработен во правно лице.
Се испитува потенцијална одговорност и на други лица.
Јавниот обвинител издаде повеќе наредби за обезбедување докази по кои сè уште постапуваат надлежните органи, а се очекуваат и резултатите од извршените мерења на загадувањето од Министерството за животна средина.
