Јолевски: Полска е респектабилен партнер на Македонија во евро-атлатнските интеграции

25.08.2014 15:04

Министерот за одбрана Зоран Јолевски престојува во работна посета на Полска,  последна дестинација пред претстојниот самит на НАТО во Кардиф, каде оствари средба неговиот домаќин министерот за одбрана.

„Полска безрезевно ја поддржува Република Македонија за интегрирање во НАТО и ЕУ. Ние немаме проблем со името Република Македонија, бидејќи, Македонија ја признавме под тоа име пред 9 години“, порача полскиот министер за одбрана, Томас Сиемонијак.

„Таа поддршка доаѓа од еден респектабилен партнер и член на Алијансата и ЕУ, и за нас претставува дополнителна мотивација да работиме уште понапорно за достигнување на вие цели“, рече Зоран Јолевски, министер за одбрана.