мвр

Во Гостивар приведен бегалец од затвор, осуден на пет ипол години затворска казна

15.09.2025 20:28

Лицето е спроведено во Казнено-поправната установа Прилеп за издржување на казната...

Вчера во 13:20 часот на улица „Браќа Блажески“ во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го привеле Е.М.(42) од Гостивар. Тој бил баран поради бегство од Казнено-поправната установа Затвор Прилеп каде што издржувал казна затвор од пет години и шест месеци за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“ по член 215 од Кривичниот законик.

Лицето е спроведено во Казнено-поправната установа Прилеп за издржување на казната, информираат од МВР.