Нема детски џагор, куќите зјаат празни во Трубарево
Иако жителите треба сите да бидат евакуирани, сепак двајца одлучиле да останат во своите домови. Министерството за образование реагираше брзо и четири училишта ги повика да држат онлајн настава...

„Мојата снаа Лидија тргна по патот со син ми и рече носете ме во болница, мене не ми е добро. Трет ден е во болница. Ја болат градите и главата, има вртоглавица“, изјави Ѓорѓи Тодоровски жител на Трубарево.
Во Трубарево после пожарот нема детски џагор, куќите зјаат празни. Голем ден од жителите отидоа по роднини. Но, не и Ѓорѓи, кој вели оти не сака да го остави огништето каде што живее повеќе од 50 години. И неговата и куќата на соседот драги се на 100 метри од објектот што беше зафатен од пламените јазици.
Мала искра можела да направи уште поголема беља, но ветрот што дувал во спротивна насока спречил да биде зафатен хангар со плински боци. Експлозиите што се слушаа беа од литиумските батерии.
По избувнување на пожарот, Владата на итна седница донесе одлука неколку училишта во Скопје наставата да ја одржуваат онлајн од 15 до 19 септември. Едно од тие училишта е „Крум Тошев“ во Општина Гази Баба.
Наместо во училиште, учениците неделава пред компјутер. Холовите и клупите останаа празни.
Наставниците се подготвени за ваков тип настава, бидејќи пред неколку години имаа такво искуство со корона вирусот.
Александра Спировска
