Општина Аеродром обезбеди 6 илјади униформи за учениците

25.08.2014 15:17

Сите 6 илјади  ученици во општина Аеродром ќе бидат облечени во исти  училишни униформи. Седум милиони денари ќе ја чинат локалната каса  новите  униформи  кои  денеска  и официјално беа претставени.

Сите 6 илјади  ученици во општина Аеродром ќе бидат облечени во исти  училишни униформи. Седум милиони денари ќе ја чинат локалната каса  новите  униформи  кои  денеска  и официјално беа претставени.

„Целта на оваа наша активност е дечињата да бидат еднакви по начинот на облекување и повеќе да се насочат на обазованието, да се натреваруваат кој повеќе знаење има. Оваа инвестиција не чини повеќе од седум милиони денари и е од општинскиот буџет, што значи дека општината го покрива целокупниот трошок за училишните униформи,“ рече градоначалникот на општина Аеродром, Ивица Коневски.

„Станува збор за еден исклучително квалитетен тренд кој постои во голем број на западноевропски земји, каде што голем број, пред се во приватните училишта, како и во државните се обезбедуваат униформи за училиштата. Ова има повќее значајна димензија покрај хигиенската и социјалната димензија е многу значајна во целиот овој процес“, рече заменик-министерот за образование и наука Спиро Ристовски.