Штипските малолетници примерни во однесувањето
Полицајци од СВР- Штип, родители, социјални работници и претставнииц од општината во ноќна патрола во угостителските објекти. Контролите покажаа примерно однесување на малолетниците, но и на угостителите...

Штипските малолетници се покажаа пред полицијата и родителите. Мешовитите контроли кои на терен проверуваа како лицата под 18 години се однесуваат во угостителските објекти , не дадоа причина за незадоволство.
„Ние како полиција сме задоволни од затекнатата состојба. По контролите, се помал е бројот на малолетници кои ги затекнуваме во угостителските објекти“, изјави Дејан Петров, командир на ПС – Штип.
Контролите кои се спроведуваат трета година по ред немаат казнена, тулу превентивна цел.
„Ги воспитуваме децата да се движат на места каде што ќе бидат сигурни, а потоа да ги научима да ги почитуваат законските и правилата на однесување. Нивното движење и задржување треба да биде до предвиденоот време, односно до 24.00 часот“, потенцира Петров.
Освен за малолетниците, тие се наменети и за нивните родители.
„Јас сум првпат во ваква контрола и сметам дека освен за децата ова е многу значајно и за родителите“, истакна Борче Јовев, родител.
Оваа година, заедно со полицијата и родителите на терен излегоа и социјални работници и претставници на општина Штип.
„Во зедничка соработка меѓу институциите, заедно со Советот на родители од училиштата, би делувале превентивно во намалувањето на прекршоците и злоупотребата од страна на малолетниците“ вели Марина Митева, претставник на општина Штип.
Инаку, угостителите кои ќе го прекршат законот и ќе им точат алкохол на малолетници, се соочуваат со казна од 4.000 евра во денарска противвредност и затворање на објектот во период од еден месец.
За родителите, чии малолетни деца ќе бидат затекнати надвор по 24 часот без придружба, следувата опомени, а ако тие на помогнат предвидени се казни од 500 – 1.000 евра, исто така во денарска противвредост.
