Тошковски: Истрагата се продлабочува, ќе одговараат сите инволвирани во катастрофата
Четворица приведени добија 48-часовен притвор за пожарот во објектот за електронски и пластичен отпад во Трубарево. МВР испитува вмешаност и на други одговорни лица. „Должни сме конкретниот случај да го истражиме најдлабоко колку што можеме, но должни се и сите останати инспекторати, дирекции и други институции“, вели министерот за надворешни работи, Тошковски...

Четворица приведени добија 48-часовен притвор за пожарот во објектот за електронски и пластичен отпад во Трубарево. МВР испитува вмешаност и на други одговорни лица за пожарот.
„Должни сме конкретниот случај да го истражиме најдлабоко колку што можеме, но должни се и сите останати инспекторати, дирекции и други институции, секој во рамки на своите надлежности, да излезат на терен да ги посетат сите, како легални, така и диви депонии, да видат не само дали имаат дозвола за работа, туку да видат и дали постапуваат согласно дозволата за работа, согласно професионални стандарди и законски утврдени правила“, изјави министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски.
МВР внимателно ја следи ситуацијата со хибридните напади со пожарите, вели Тошковски. Рече не може да открие детали за истрагата што е тек за инволвираност на центри на моќ во земјава и во странство, како што посочи премиерот Мицкоски.
МВР превентивно дејствува да спречи нови пожари со обезбедување на потенцијални критични места.
Тошковски потенцираше дека не треба да реагираме откако ќе се случи пожар, туку институциите да работат да го спречат.
Ирина Гелевска
