Економија

Народна банка со полесни услови до нов стан

15.09.2025 15:00

Помало учеството за купување прв стан или куќа од 1-ви декември, ќе изнесува 10 проценти од вредноста на објектот. Повисоко учество ќе плаќаат граѓаните за станот кој ќе го купат, а ќе го користат за издавање под кирија. Народната Банка ги усвои новите економски мерки кои се по примерот на голем број централни банки, рече гувернерот Славески...

Помало учеството за купување прв стан или куќа од 1-ви декември, ќе изнесува 10 проценти од вредноста на објектот. Повисоко учество ќе плаќаат граѓаните за станот кој ќе го купат, а ќе го користат за издавање под кирија. Минималното сопствено учество од постојните 15, ќе порасне на 25 проценти.

Народната Банка ги усвои новите економски мерки кои се по примерот на голем број централни банки, рече гувернерот Славески, кој очекува стабилизирање на цените на недвижностите. За користење на овие поволности ќе има строги критериуми и механизми за проверка и следење од страна од централните банки.

Славески говореше и за очекувањата на Народната банка за инфлацијата во наредниот период. Според него, ќе продолжи трендот на намалување и ќе биде пониска од три проценти, вели гувернерот.

Државната статистика минатиот месец измери дека инфлацијата бележи месечна промена од минимални 0,2 проценти, а зголемувањето на годишно ниво е 4, 4 отсто.

 

Викторија Милевска