Во Законодавниот дом одбележан Меѓународниот ден на демократијата
Во пресрет на изборите кога, со чест на исклучоците, ветувања се тресат од ракав, на Меѓународниот ден на демократијата следува потсетување дека таа не е идеалниот, но е најдобриот систем во кој се вклопува македонското општество...

Законодавниот дом кој треба да биде фабрика за решенија, често се претвора во кафеана со отворен микрофон. Пратеници се погласни во етикетирањата и навредите, додека проблемите на граѓаните чекаат пред врата.
Во пресрет на изборите кога, со чест на исклучоците, ветувања се тресат од ракав, на Меѓународниот ден на демократијата следува потсетување дека таа не е идеалниот, но е најдобриот систем во кој се вклопува македонското општество.
Дека демократијата и нејзините вредности се во криза укажува и Европската унија. Зголемена манипулација, странско мешање, дезинформации се дел од предизвиците со кои е соочен светот. Автократските наративи ја ослабуваат довербата во изборните процеси, велат од Унијата, и додаваат дека само информирани и активно вклучени граѓани можат да гарантираат заштита на основните човекови права.
Анита Димитријевска - Велковска
