Венецуела
Венецуела го обвини САД за нови провокации
15.09.2025 18:56
Венецуела ги обвини САД за нелегално влегување и осумчасовна окупација на еден од нејзините рибарски бродови во специјалната економска зона...

Венецуела ги обвини САД за нелегално влегување и осумчасовна окупација на еден од нејзините рибарски бродови во специјалната економска зона, дополнително заострувајќи ги веќе затегнатите односи меѓу двете земји.
Каракас тврди дека бродот бил пресретнат од американски разурнувач, по што 18 вооружени лица се качиле на него — потег што го нарекоа „директна провокација“.
Овој инцидент следува по неодамнешниот американски напад во Карибите, во кој загинаа 11 Венецуелци. Вашингтон тврдеше дека станува збор за членови на нарко-банда, но Каракас категорично ги отфрли обвинувањата.
