МВР

Момче рането со огнено оружје пренесено во Ургентен центар

15.09.2025 15:13

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека случајот бил пријавен денеска во 1:04 часот. Повредениот бил донесен со возило од В.И. (28) од Скопје, кој изјавил пред полицијата дека нападот се случил на улицата „Методија Митевски“.

Осумнаесетгодишно момче од Скопје со прострелни повреди било донесено ноќеска во Ургентниот центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека случајот бил пријавен денеска во 1:04 часот. Повредениот бил донесен со возило од В.И. (28) од Скопје, кој изјавил пред полицијата дека нападот се случил на улицата „Методија Митевски“. Според него, лице кое се движело со велосипед неколкупати пукало кон М.И. (18), по што веднаш го напуштило местото.

Полициски екипи извршиле увид, а од МВР соопштуваат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.