Македонија
Двојно убиство и самоубиство во Велес
15.09.2025 19:03
Крваво попладне во Велес – поранешен партнер убил жена и нејзиниот татко, па си го одзел животот…

Двојно убиство па самоубиство се случи попладнево во Велес. Според првични информации, маж со огнено оружје ја усмртил својата невенчана сопруга и нејзиниот татко, а потоа извршил самоубиство.
Неофицијално, жената и претходно го пријавувала напаѓачот во полиција поради закани по нејзиниот и по животот на татко ѝ.
Од СВР Велес најавија дека подетални информации за случајот ќе бидат соопштени подоцна.
Подетални информации за овој случај од линковското вклучување на дописникот од Велес, Петар Печков, во централниот Дневник на МРТ1.
