Министерката Јаневска ќе се обрати на завршниот настан на проектот „Градиме нови мостови“
Двегодишната иницијатива за зајакнување на меѓуетничките односи и поттикнување на општествената кохезија преку интегрирано образование и меѓукултурна младинска соработка, беше спроведена од Мисијата на ОБСЕ во Скопје и Министерството за образование и наука...

Министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска, денеска ќе се обрати на завршниот настан на проектот „Градиме нови мостови“ во основното училиште „Живко Брајковски“ во Бутел.
Двегодишната иницијатива за зајакнување на меѓуетничките односи и поттикнување на општествената кохезија преку интегрирано образование и меѓукултурна младинска соработка, беше спроведена од Мисијата на ОБСЕ во Скопје и Министерството за образование и наука, со поддршка на донаторите: САД, Норвешка, Полска, Холандија и Луксембург и партнерства меѓу училиштата, општините и граѓанските организации.
