Македонија

Шест месеци од трагедијата во „Пулс“

16.09.2025 08:53

Денеска наврши половина година од трагедијата во кочанската дискотека „Пулс“, во која животот во пожар го загубија 62-ца млади луѓе, од кои шест деца, а над 200 беа повредени. Дел од нив и до ден денес се лекуваат...

Денеска наврши половина година од трагедијата во кочанската дискотека „Пулс“, во која животот во пожар го загубија 62-ца млади луѓе, од кои шест деца, а над 200 беа повредени. Дел од нив и до ден денес се лекуваат.

Попладнево во Кочани ќе се одржи нов „Марш за ангелите“, од Паркот на револуцијата преку судот, МВР, УЈП и назад до Паркот на револуцијата.

„Никогаш повеќе да не се случи ваква трагедија, борбата за правда нема да згасне“, велат организаторите на маршот.

Вечерва собир ќе има и во Скопје.

По тримесечна истрага, Обвинителството на 13-ти јуни поднесе обвинение против 34 физички и три правни лица. Последен кому му беше поднесено обвинение е вистинскиот сопственик на агенцијата што кобната ноќ го обезбедувала кабарето.