Македонија и Полска ќе ja продлабочат соработката во полето на одбраната

25.08.2014 16:52

Полска безрезевно ја поддржува Република Македонија за интегрирање во НАТО и ЕУ. Ние немаме проблем со името Република Македонија, бидејќи, Македонија ја признавме под тоа име пред 9 години, порача полскиот министер за одбрана Томаш Шинемонијак. Македонскиот министер Зоран Јолески во работна посета на Полска, последна дестинација пред престојниот самит на НАТО во Кардиф. Од Варшава известува Милчо Велески.

Полска ја подржува политиката на отворени врати на НАТО, а со тоа и македонските аспирации за членство во Алијансата и во Европската унија, порача министерот за одбрана Томаш Шинемонијак по средбата со македонскиот министер за одбрана Зоран Јолевски, кој е во прва работна посета на Полска.

Билатералната соработка во одбраната започната 1966 година меѓу Полска и Македонија зацврстена со уште еден договор. Од самитот на НАТО во Кардиф двајцата министри очекуваат силен сигнал, имајќи го предвид и фактот дека Алијансата мора да бара нов пристап по настаните во Украина и во Европа.

„Нема друг начин освен преговори и изнаоѓање решение за ова прашање.полска нема проблем со името на македонија,бидејќи ја признавме република македонија и така ја ословуваме уште пред девет години“, рече Томаш Шинемонијак, министер за одбрана на Полска.

Јолевски упати благодарност до полскиот народ и до државните авторитети за поддршката за нашето евроатлантско интегрирање.

„Поддршката е од еден респектибилен партнер и членка НАТО и ЕУ. Тоа за нас е дополнителна мотивација за да работиме повеќе“, рече министерот за одбрана, Зоран Јолевски.

Во рамките на посетата на Варшава, македонскиот министер положи венец на гробот на незнајниот јунак, а пак на средбата со вториот човек на Бирото за безбедност, разменети мислења за билатералната соработка но и за состојбата во Украина и на Балканот.

Варшава е последната дестинација на министерот Јолевски пред самитот на НАТО. Идната недела со министерот за надворешни Поповски заминуваат за Кардиф. Овде пак можност да се презентираат реформите и зошто Македонија треба да биде дел од Алијансата.

Милчо Велески.