Македонија
Пожар во сервис за возила пред населба Пинтија
16.09.2025 08:53
Гореле повеќе автомобили, моторно масло и други запаливи предмети, информираат од дирекцијата за заштита и спасување...

Изутрината пожар избувнал и во сервис за возила пред населбата Пинтија. Гореле повеќе автомобили, моторно масло и други запаливи предмети, информираат од дирекцијата за заштита и спасување.
Било интервенирано со 8 противпожарни возила, по што огнот бил целосно изгаснат.
