Венецуела

САД уништија венецуелски брод кој наводно пренесувал дрога, убиени се три лица

16.09.2025 12:18

Претседателот Трамп вели дека нападот се случил само две недели по претходната акција на американските сили против друг венецуелски брод со дрога во кој загинаа 11 лица...

Американската војска изврши нов напад врз брод за кој постоеле сомнежи дека превезувал дрога од Венецуела, при што загинале три лица. Претседателот Трамп вели дека нападот се случил само две недели по претходната акција на американските сили против друг венецуелски брод со дрога во кој загинаа 11 лица.

„Им кажуваме на картелите дека ќе ги запреме и нив. Кога ќе дојдат по копно, ќе ги запреме на истиот начин како што ги запревме бродовите. Тие убија 300.000 луѓе во нашата земја минатата година и нема да дозволиме тоа да се случува повеќе“, порача американскиот претседател, Доналд Трамп.

Претседателот Мадуро вели дека односите меѓу Венецуела и САД се нарушени.

„Комуникациите со владата на САД се прекинати од нивна страна со нивните закани за бомби, смрт и уцени. Ова не е начинот на кој работиме. Со закани и принуда никогаш нема да има ништо, и тие го знаат тоа“, изјави Николас Мадуро, претседател на Венецуела.

Венецуела ги обвини САД за нелегално влегување и окупирање на еден од нивните рибарски бродови во специјалната економска зона на Венецуела, што дополнително ги зголемува тензиите меѓу Каракас и Вашингтон.