Јасен став од Трамп за прекин на војната и пакет санкции против Русија, побара Зеленски
Според Зеленски, единствениот начин да се запрат борбите е да се обезбедат јасни безбедносни гаранции...

Украина има потреба од јасен став од американскиот претседател Трамп за прекин на војната и за воведување пакет санкции против Русија, став на украинскиот претседател. Според Зеленски, единствениот начин да се запрат борбите е да се обезбедат јасни безбедносни гаранции.
„Пред да ја завршиме војната, навистина сакам да бидат склучени сите договори. Сакам да имаме документ што ќе биде поддржан од САД и сите европски партнери. За да се случи ова, ни треба јасна позиција од претседателот Трамп“, истакна украинскиот претседател, Володимир Зеленски.
Зеленски потсети дека ЕУ воведе 18 пакети санкции против Русија, додавајќи дека единственото нешто што недостасува е силен пакет санкции од САД. .Во меѓувреме, земјите од Европската Унија размислуваат за воведување целосна забрана за влез за руски туристи и дипломати како дел од 19-тиот пакет санкции, објавија светски медиуми.
