Депонии

Синоќа повторно пожар во „Дрисла“

16.09.2025 10:03

Пожарот за еден час бил изгаснат и затрупан, со што е спречено ширење...

Синоќа, еден час пред полноќ повторно бил предизвикан пожар во депонијата „Дрисла“, и тоа на сосема друго место, подалеку од жариштето што беше активно изминативе денови, информираше Дирекцијата за заштита и спасување.

Оттаму велат дека скопските пожарникари веднаш почнале со гаснење, а биле активирани и градежни машини за затрупување на локацијата со земја.

Пожарот за еден час бил изгаснат и затрупан, со што е спречено ширење на огнот во главнината на депонијата.