ТИРЗ

Поставен камен-темелникот на ТИРЗ Струга - Првиот инвеститор е германскиот „ОДВ Електрик“

25.08.2014 17:02

Поставен е камен темелник на новата Технолошко индустриска развојна зона во Струга. Странски компании веќе пројавиле интерес да лоцираат во неа индустриски капацитети од каде што би го покривале европскиот пазар.

Отворање преку 2000 нови работни места и заживување на економијата во овој регион е главната цел на оваа зона. Свое влијание ќе има и  добрата бизнис климата во земјата со што оваа зона има светла иднина и расположкив кадар за вработување, добра локација и поврзаност, ниски трошоци одлични услови за работење а тоа е формулата која на ова место ќе му донесе нови капацитети нови фабрики. Првиот инвеститор во зоната веќе е познат.

„Тоа е германскиот гигант ОДВ електрик кој тука ќе ја изгради својата фабрика и ќе вработи 1000 луѓе. Оваа фабрика уште во месец април назјави дека инвстира во овој регион, таа веќе започна да регрутира вработрни, првите 15-тина веќе се на обука ви нивните фабрики во Украина“, рече премиерот Никола Груевски.

„Оваа компанија ќе започне браунлоф инвестиција,односно ќе започне производство во адаптиран објект веќе следниот месец може да потврдам дека на 8- ми септември доаѓаат машините од Германија“, рече Виктор Мизо, директор на ТИРЗ.

Вицепремиерот за економски прашања очекува со отворањето на вакви зони во нашата држава, индустриското производсво да бележи стапки на раст и подобрување на економската состојба во нашата земја.

„Тоа е уште едно камче во големиот мозаик за подобрување на економската состојба на државата. Владата презема низа мерки за заживување на овој регион“, рече вицепремиерот за економски прашања, Владимир Пешевски.

Оваа зона се очекува во иднина со својата атрактивност да привлече уште странски инвеститори.

„Инцестиции кои позитивно ќе придонесат за еконмскиот развој на овој регион“, рече министерот за економија Беким Незири.

Близината на охридакиот аеродром како и изградбата на автопатот Кичево Охрид се очекува да донесе уште многу странски инвеститори во оваа нова технолошло индустриска развојна зона во Струга.

Со започнувањето на работата на оваа зона, покрај туризмот во овој регион кој досега беше главна гранка ќе се отворат и други индустриско развојни гранки со кои целосно струшко-охридскиот регион ќе заживее.

Јованчо Наумоски