6,30 метри: Дуплантис со нов светски рекорд
Откако ја обезбеди победата и третата последователна светска титула со скок од 6,15 метри, Дуплантис побара летвичката да биде поставена на височина од 6,30 метри, еден сантиметар повисоко од неговиот претходен светски рекорд...
„Пресреќен сум“, изјави шведскиот атлетичар Арманд Дуплантис откако вечерва го одбележа третиот ден од Светското првенство во Токио, соборувајќи го светскиот рекорд во скок со стап, кој сега изнесува 6,30 метри.
Откако ја обезбеди победата и третата последователна светска титула со скок од 6,15 метри, Дуплантис побара летвичката да биде поставена на височина од 6,30 метри, еден сантиметар повисоко од неговиот претходен светски рекорд, кој го постави во Будимпешта минатиот месец.
Во првиот обид воопшти не беше блиску да ја прескокне летвичката, многу блиску во вториот, а во третиот беше успешен, поставувајќи светски рекорд по 14-ти пат во кариерата.
