САД

Убиецот на Чарли Кирк можно е да добие смртна казна

16.09.2025 19:26

Осомничениот за убиството на американскиот активист Чарли Кирк би можел да се соочи со најстрогата казна – егзекуција. Претходно, гувернерот на Јута, ја потврди намерата на државата да бара смртна казна за сторителот...

Осомничениот за убиството на американскиот активист Чарли Кирк би можел да се соочи со најстрогата казна – егзекуција. Претходно, гувернерот на Јута, ја потврди намерата на државата да бара смртна казна за сторителот.

Осомничениот, 22–годишниот Тајлер Робинсон е приведен без кауција во затворот во округот Јута и денеска треба да се појави пред суд под обвиненија за убиство и попречување на правдата. Истражителите ги испитуваат онлајн пораките и белешките за мотивот.

Чарли Кирк беше застрелан за време на јавен настап на кампусот на Универзитетот во Јута, по што во САД се разжешти дебатата за политичкото насилство.